Груевски: МВР не прикривало - убиството експресно расчистено

 

Премиерот Никола Греувски за  време на неговото гостување во вестите на Сител телевизија истакна дека  можеби на некои луѓе не им се допаѓа тоа што се случува во Македонија, соопштувајќи ја веста за пролетните проекции на ЕК дека Македонија ќе има највисок раст на БДП во Европа во 2015 годинa.

-Па можеби сето ова иницира сценарија кои сега се рализираат. Вчера прво со прес конференција на Заев, а потоа и со вечерните процеси се реализираа ваквите сценарија. Но, колку и да беа сечени, монтирани и прилепувани материјалите кои Заев ги објави сепак не успаа да го постигнат тоа што го сакаше и по сите негови искази. И медиумите поддржани од СДСМ преку насловите не успеаа да покажат што сакаат, а тоа е дека МВР и политичкката структура сакале да прикријат  убиство. Колку и да крателе и лепеле се гледа дека навистина во првите 10-15 часа и МВР и министерката и другите институции немаат информација дека се случило убиство, тоа го докажуваат објавените разговори дека никој не пријавил убиство и дека е пријавено дури утредента попладне, истакна Груевски.

Второ, рече тој, јасно се гелда дека и покрај тоа што се обиделе да кратат и да монтираат, дека оној момент кога МВР добива информација прави максимални напори побрзо да се најде сторителот. Трето, рече тој, МВР во експресно време го наоѓа сторителот, го приведува и го изнесува пред суд и истиот е осуден на 14 години затвор.

-Се гледа дека од МВР се трудат што е можно порано да го расчистат случајот, да се обезбедат докази и да се презентираат на суд, потенцираше премиерот.

 

Сторителот, додаде тој, го признал делото, по што се премислил и не сакал да потпише.

-Значи обратно од тоа што го зворува Заев, туку јано се гледа силната намера што побрзо да се открие стрителот и да се изнесе на суд. Се гледа загриженоста кај нив за сето тоа, и на ниту едно место и ниту еден момент нема ситуација во која некој сака нешто да прикрие од луѓето, истакна тој.

Според Груевски, Заев повторно се обидел да ги заведе граѓаните, со својот вовед на прес конференцијата, кој како што рече, звучи страшно.

-И јас да го слушам само воведот ќе си помислам што се случува, навистина е застрашувачки и води во друга насока. Вистинскиот наратив тука би требало да гласи – Слушнете сега како навистина луѓето од МВР не биле информирани за убиството, или слушнете како откако дознаваат за убиството се трудат максимално брзо да го разрешат и да го изнесат сторителот пред суд. Како тој навистина го признава убиството, па не сакал да потпише, тоа е вистинскиот наратив, вовед, контекст, рече тој.

Тоа, според Груевски, е сериозна манипулација на граѓаните од страна на Заев.

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега