Пратениците работат со полна пареа
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците, за здравство и Законодавно-правната комисија.
На Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе бидат разгледани Годишните извештаи за работата на Агенцијата за пошти, на Македонската радио телевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година, потоа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај во прво читање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти во второ читање.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледаат годишните извештаи за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Агенцијата за администрација, и на Државната комисија за спречување на корупција во 2014 година.
На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала во прво читање.
Законодавно-правната комисија, меѓудругите ќе ги разгледува и Предлог - законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Унгарија, за социјално осигурување и социјална сигурност, Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти во второ читање, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во прво читање, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за библиотеките, исто така во прво читање...
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа