МАН го осуди нападот врз уредникот на Вечер и снимателите на Сител
Македонската асоцијација на новинари остро го осудува нападот врз главниот и одговерен уредник на Вечер, и заменик главен уредник на ТВ Сител Ивона Талевска, и снимателите на телевизијата, од страна на членови и симпатизери на опозицијата кои вчера протрестираа пред Собранието.
-Ваквите напади се дел од стратегијата на СДСМ за насилство кон сите кои имаат различно мислење од нив, велат од МАН.
МАН апелира да прекинат заканите, насилството врз новинарите и категорично укажува дека никој не смее да ги попречува претставниците на медиумите во вршењето на својата работа.
-МАН уште еднаш посочува дека разликите треба да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но тоа да не резултира со навреди, закани и физичко насилство врз претставниците на медиумите, се вели во соопштението на Македонската асоцијација на новинари.
МАН бара надлежните најостро да ги казнат сторителите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа