Засеани 1.570 хектари житни култури во Крива Паланка и Ранковце
Во Крива Паланка, со есенската и пролетната сеидба на територијата на двете општини засеани се вкупно 1.570 хектари со житни култури.
Според податоците регистрирани во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од нив во есента 2014 година житни култури се засеани на површина од 800 хектари, додека со годинашната пролетна сеидба засеани се 770 хектари.
Со есенската сеидба најмногу е засеан јачмен и тоа на површина од 400 хектари, потоа пченица на 340 хектари, додека на 30 хектари е засеан р’ж и на исто толкава површина останати житни култури.
И со пролетната сеидба годинава најмногу е засеан јачмен, на површина од 290 хектари, пченица на 220, овес на 110, по 60 хектари се засеани со р’ж и пченка, додека на 30 хектари се засеани останати житни култури.
Од земјоделски производи најмногу е засаден компир и тоа на површина од 120 хектари, додека на 2 хектари се засадени домат и пиперка, а од фуражни култури посеани се луцерка на 30 хектари и детелина на 10.
Ова се податоци кои се пријавени и евидентирани , инаку на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце постојат и останати индивидуални земјоделци кои засеале и засадиле на помали површини за задоволување на сопствените семејни потреби.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа