Младеноски: СДСМ има активирано група насилници од навивачки групи

Во моментов има и тоа како насилни елементи. Јас имам говорено дека ова е едно сценарио кое се подготвува, според моето мислење се работи за добро исценирано сценарио со добри фази на движење во овој процес, вели поранешниот генерален секретар на СДММ Михаел Младеноски во емисијата „Јади Бурек“ кај Јанко Илковски.

-Во кој смисол е исценирано и направено? Дали мислиш дека СДСМ има ангажирано луѓе кои се поспремни? Навивачки групи? Ти нели беше нападнат од еден прилично агресивен тип кој беше дел од СДСМ?

-Јас бев нападнат од структура на СДСМ, од Командант Коки којшто мене ме нападна за да ме спречи во изјавување на мојата политичка мисла. Во моментов СДСМ има активирано група на насилници од навивачките групи, односно од навивачката група на Работнички. Не цела група, меѓутоа дел од таа група кои се директно вработени во Општина Центар по доаѓањето на Андреј Жерновски на власт, кои се под директива на Саша Богдановиќ којшто е претседател на организацијата на СДСМ во Центар кој и самиот има учествувано во нарушувања на јавниот ред и мир.

-Што мислиш, кои беа овие кои сега се вклучија? Видовме маскирани, како ултраши?

-Кога некој доаѓа на протест кој е мирен, а случајно ескалира, тоа не постои. Тие беа дојдени со навивачки бакљи, пиротехнички средства со кои беше гаѓана полицијата, тоа е напад на државата со пиротехнички средства. Беа употребени шипки, носеа фантомки маски коишто ги користат хулигани. Значи тоа е организирано сценарио, тие се дојдени со цел.

-Што мислиш, кој ги организира и контролира нив?

-Саша Богдановиќ, директор на Паркинзи на Општина Центар. Тој е во директна спрега со навивачите и со политиката. Навивачите на Работнички, групата која се нарекува Сити парк бојс, односно дел од таа група којашто е врбувана политички да ги прави овие проблеми во Македонија и СДСМ со финансиска поддршка со вработување на дел од нив во Општина Центар, возат службени коли на Општина Центар. Истите тие ги организираат овие протести. На самите социјални мрежи на своите Фејсбук страници тие јавно објавуваат. Саша Богдановиќ има објавено клип од 5 октомври во Србија рушењето на Милошевиќ со напис дека ова се ближи и во Република Македонија, дека стаповите се спремни и така натаму. Тоа е директно атакирање на државата, јавен повик од функционер на СДСМ, а воедно и државен функционер на општина Центар, којшто повикува насилно да се рушат легитимно избрани институции во Република Македонија, а јас не можам тоа да не го осудам или да го премолчам како граѓанин на оваа држава. Околу аспект на тоа околу легитимноста што се збори мислам дека секој човек на слободен начин се гласа, а самите партии си имаат систем преку кој, нормално, си лобираат и дејствуваат.

 

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега