Тинејџер од Липково заврши во притвор

СВР Куманово поднесе кривична против 18-годишниот Л.З. од селото Отља, општина Липково, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Од страна на полициските службеници од СВР Куманово превземени се оперативно тактички мерки при што  пред два дена околу 19 часот и 30 минути, откако пријавениот е забележан како се движи по улицата “Трета Македонска Ударна бригада“ извршен е преглед над истиот при што му се пронајдени 7 паковки со марихуана.

Инаку пријавениот е познат сторител на кривични дела од областа на имотни деликти за што СВР Куманово му има поднесено кривична пријава.

 

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега