Осуда за насилството на СДСМ од европските политичари

Силна соуда за насилството организирнао од СДСМ пристигнува од европските политилари, кои бараат најголемата опозициска партија да не поттикнува и да не организира насилни протести, односно да почне да користи демократски средства.

Пратеничката во Бундестагот на Сојузна Република Германија  Карин Стренц преку писмена декларација изрази жалење за повредените полициски службеници на протестот пред Владата на Република Македонија во Скопје на 5 мај и повика протестите да бидат мирни, а политичките актери во земјата итно да најдат одржливо решение за политичката криза.

Во таа насока, вели Стренц во декларацијата, целосно ја поддржувам изјавата на Европската комисија по однос на ова прашање.

Таа потенцира дека „внимателно ги следи последните настани во врска со политичката ситуација во Македонија, особено во делот на неодговорното однесување на политичката опозиција“.

– Го поддржувам правото на мирни протести и слободата на изразување. Во исто време ги осудувам насилните протести и злоупотребата на оваа демократска алатка. Насилните протести се против демократијата и владеењето на правото и против европската иднина на Македонија. Го повикувам Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) да не поттикнува и да не организира насилни протести. Загрижена сум од фактот дека заменик-претседателот на СДСМ, Шекеринска, организирала и давала инструкции за насилни дејствија на протестот од 5-ти мај оваа година во Скопје – се вели во декларацијата од пратеничката Стренц.

Таа меѓу другото нагласува дека целосно ја поддржува интеграцијата на Македонија во Европската унија и НАТО и укажува дека евро-атлантската интеграција претставува заедничка одговорност, и на Владата и на опозициските партии.

– Ја поддржувам позицијата на Европската унија со кој ја потврдува својата силна загриженост во врска со ситуацијата во земјата, како што веќе е нотирано во последните заклучоци на Советот за општи работи на Унијата.  Жалам за повредените припадниците на безбедносните сили во текот на демонстрациите. Како општ принцип, би сакала да потсетам на клучната важност на слободата за одржување мирни протести,  собири и слободата на изразување, како што е утврдено во Европската конвенција за човекови права. Тие мора да бидат јадро на вредностите на функционална демократија, протестите се право кое не треба да се злоупотребува – подвлекува Стренц.

Во пишаната декларација пратеничката во Бундестагот потсетува дека од сите политички актери во земјата се очекува да преземат итна акција кон изнаоѓање одржливо решение за актуелната политичка криза, преку конструктивен ангажман да се рестартира соодветниот политички дијалог и да се врати довербата во институциите.

– Ги поддржувам и обете, и политичкото и правното решение за излез од постоечката криза. Се надевам дека добрите економски перформанси со највисок раст на БДП во првиот квартал од оваа година во Европа, како што е наведено од страна на ЕУ,  ќе бидат проследени со релаксирана и демократска политичката атмосфера во земјата – стои во декларацијата на пратничката во Бундестагот на Сојузна Република Германија,  Карин Стренц.

milan

Опозицијата да почне да користи демократски средства

Македонската опозиција да почне со користење на демократски средства, а не да го копира словенечко-бугарското сценарио за насилно уривање на централно-десничарската Влада во земјата. Ова е пораката на пратеникот во Европскиот парламент, д-р Милан Звер на однесувањето на СДСМ во Република Македонија и обидите за насилно превземање на власта.

Звер, кој е поранешен министер за образование и кандидат за претседател на Словенија, смета дека она што го прави партијата на Зоран Заев во Скопје треба да се гледа во поширок контекст, бидејќи, според европратеникот од редовите на Европската народна партија, која е најбројна политичка партија во Европски парламент, улицата и насилството е единствен начин на кој политичката левица се обидува да дојде на власт во балканските земји.

- Насилните демонстрации во Македонија кои се охрабрени од политичката левица, силно наликуваат во својата форма и содржина на анти-владините демонстрации во Словенија во 2012 и во 2013 година, кога централно-десничарската влада на премиерот Јанез Јанша беше симната од власт. Во тоа време, "демонстрантите" користеја насилни форми на протест, фрлаа гранитни коцки со кои ги повредуваа полицајците. Тие не користеа демократски средства, туку насилството и тогаш ја постигнаа својата цел, а тоа е пад на владата - посочува европратеникот Звер во изјава за МИА.

Според искуснито словенечки политичар и член на Европскиот парламент, сега се спроведува идентично сценарио во Македонија со примеси од дел од неодамнешните случувања во Бугарија.

- Тековните настани во Македонија се Дежа Ву, нешто веќе видено од слични методи што се користеа во соборувањето на централно-десничарската влада и во една друга земја, како што е Бугарија. Тоа е причината зошто ние треба да погледнеме на овие настани во Македонија во еден поширок контекст. Јас би сакал демонстрациите во Македонија да завршат и опозицијата да почне со користење на демократски средства - дециден е словенечкиот европратеник д-р Милан Звер.

Johanes-Han

Хан повтори: Опозицијата да се врати во Парламентот

Ситуацијата во Македонија е многу сериозна и членови на Европскиот парламент веќе разговараат со спротивставените страни и се обидуваат да најдат решени. Ова синоќа го изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во Белград. 

Во наредниот период ќе биде клучно да се утврди кривична, но политичка одговорност за случувањата во Македонија.

- Тоа е политички скандал, и потребно е опозицијата да се врати во парламентот, а истовремено да се формира истражен комитет кој ќе се занимава со политичката одговорност на целото прашање, истакнал Хан.

Според него, независно од политичарите и политичкиот систем, правосудството мора да го проследи овој случај и да се погрижи за неговите кривични аспекти.

- Ние како Европска комисија понудивме да дадеме поддршка, да ги обезбедиме неопходните експерти кои можат да гарантираат независност на истрагата, а на одговорните во земјата е да се позанимаваат со тоа. Тоа, исто така, ќе биде показател за европската перспектива на земјата, изјавил Јоханес Хан.

assembly thumb medium500 375

ПССЕ со Декларација побара СДСМ да престане со објавување на нелегално стекнати материјали

СДСМ да престане со објавување на нелегално стекнати материјали, осуда за однесувањето на најголемата опозициска партија и барање СДСМ да се врати во Парламентот. Доколку не се вратат, да се одземат мандатите и да се распишат избори.  Ова се бара во декларацијата на ПС на СЕ по посетата на нашата земја. 

Делeгацијата на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) составена од  Стефан Шенах (Австрија, Група на социјалисти) Роберт Валтер (Обединето Кралство, Европски конзерватици) и Андреас Грос (Швајцарија, Претседател на Групата на социјалисти),  по  посетата и утврдување на фактите за Република Македонија на 28 и 29 април 2015 година го издаде декларација насловена: "Република Македонија- негувајќи ги заедно политичкиот дијалог и почитувањето на владеењето на правото може да го изнајде патот за излез од политичката криза, велат од  Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа"

Во декларацијата ПССЕ се задржува на аферата со прислушувањето при што бараат"СДСМ веднаш да престане со објавување на нелегално стекнатите материјали" што е најотворено барање досега од меѓународната заедница СДСМ да ја прекине незаконската постапка на објавување на нелегално стекнати и прислушувани материјали.

Се подржува судската разврска и се вели: " Ние ги забележуваме/согледуваме чекорите што се преземени од страна на обвинителството за да ги испита овие тврдења и силно ги повикуваме властите да ги прифатат сите експертизи и совети кои се достапни од страна на меѓународните организации, за да се осигура дека истрагата е темелна и непристрасна."

Делегацијата вели дека "По консултациите со главните инволвирани актери, и од опозицијата и мнозинството, ние веруваме дека сите можности за наоѓање начин за излез од кризата се уште не се исцрпени. Убедени сме дека политичкиот дијалог и почитување на владеењето на правото треба да одат рака под рака. Тоа е нашето разбирање дека следните чекори можат да помогнат во надминување на  кризата и да се спречи понатамошна ескалација, која би можела да биде штетна за стабилноста на земјата. Затоа го повикуваме СДСМ да стави крај на објавувањето на нелегално стекнатите материјали."

"Додека ја осудуваме употребата на незаконскиот стекнат/прибавен материјал, нашата делегација беше загрижена од степенот на нелегално снимање кој се вршел во земјата во  последните неколку години. Ова може да биде наследено од еднопартискиот систем на поранешна Југославија, кој се чини дека и никогаш не престанал."

Во декларација меѓу другото се вели- "Од почетокот на оваа година  Република Македонија се соочува со сериозна политичка криза по објавувањето на телефонските снимени разговори од страна на најголемата опозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Оваа влошена ситуација веќе е обележана и со бојкотот на Парламентот од страна на оваа партија, која не ги признава резултатите од парламентарните и претседателските избори кои се одржаа во  април 2014 година. Го повторуваме нашето убедување дека е голема грешка да го бојкотираат парламентот, бојкотот не може да се смета како правилен политички став, веруваме дека легитимните интереси и недостатоци изразени од страна на опозицијата, кои се нотирани во претходните извештаи на ПССЕ, треба да бидат целосно надминати во рамки на Парламентот"

Делегацијата бара да се стави крај на отсуството од Парламентот на пратениците од опозиционата СДСМ и бара и владејачката коалиција и опозицијата да постигнат еден договор и да изработат план кој треба да ги содржи следниве елементи во однос на Парламентот:

 - согласно со уставните и законските барања - се однесува на прашањето на 31 место (од вкупно 123) испразнето од страна на опозицијата - да се спроведе  релевантна законска постапка и да се преземат неопходни чекори, вклучувајќи го организирањето на избори за овие места доколку е потребно, за да се осигура дека Парламентот може да функционира правилно и дека ја одразува волјата изразена од страна на сите гласачи,

Да се ​​зајакне улогата за надзор на парламентот со:

-основање парламентарна истражна комисија која ќе ги испита работите на тековната политичката криза и обвинувањата кои се појавија,

-       почитување на насоките од Венецијанската комиција во делот на работата на разузнавачките служби, како и континирано подобрување на изборните закони и сферата на медиумите.

Финално декларацијата се осврнува и на членството на  Република Македонија во Советот на Европа, во организацијата која се стреми да ги брани човековите права, демократијата и владеењето на правото, а дава подршка и на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега