Дете кое боледува од рак се расплака кога го виде Суарез наместо доктор! (ВИДЕО)

Ѕвездата на Барселона го воодушеви фудбалскиот свет откако го направи изненадувањето на младиот Уругваец, кој се бори со тешка болест.

Ѕвездата на Барселона, Луис Суарез, направи изненадување за едно дете од Уругвај кое боледува од рак.
 
Еден од најдобрите напаѓачи на светот беше на удар на фудбалската јавност по неспортските потези на терените, а највпечатливи се гризањето на Киелини на Светското Првенство, но истото го на прави и со Ивановиќ додека играше во Премиер лигата.
 
Сепак, ова што го направи со детето кое боледува од тешка болест, го поправи неговиот измиџ кај критичарите.
 
Младиот Уругваец Матео мора да оди на терапии за лекување од канцер. Луѓето од болницата во која се лекува му приредија изненадување на Матео на што се расплака. Му кажаа на детето дека преку Скајп ќе зборува со доктор од Шпанија.
 
Матео почна да зборува со „докторот“ од другата страна, но со затемнета слика.
 
Не се ни сомневал дека разговара со својот идол, Луис Суаерз. Играчот на Барселона набрзо ја сврте камерата кон себе. Детето било шокирано кога на мониторот го видел Суарез. Емоциите веднаш проработеле и детето почнало да плаче.
 
- Ти си шампион, многу си храбар, голем борец и мораш да продолжиш да се бориш, му порача Суарез, кој му вети дрес за поклон.
 
Погледнете и сами како изгледало и како Суарез го воодушеви малиот Матео и му даде подршка да се избори со болеста.
 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега