ВИДЕО: Пронашол ќебе покрај патот - Бебето внатре ми е дар од Бога

Саботно утро како и секое друго. Раул Марин Сеха тргнал пешки на абота. Шетајќи покрај патот здогледал бело ќебенце. Кога малку подобро погледал сфатил дека во него има новородено девојче. И на негово пријатно изненадување се уште било живо.

Овој несекојдневен настан се случил во саботата наутро во Халиск, сојузна држава на западот од Мексико, и тие неколку моменти целосно му го промениле животот на овој Мексиканец.

Женското бебе било завиткано во бело ќебе и фрлено покрај патот.

Тој со телефонот го забележал секој момент од средбата со бебето и снимката ја објавил на Фејсбук, од каде локалните медиуми ја презедоа и ја објавија сторијата на ЈуТјуб.

Според нив бебето на себе се уште имало дел од папочната врвца.

Господинот Сеха веднаш повикал брза помош и бебето е однесено во најблиската болница.

За среќа лекарите рекле дека бебето целосно ќе се опорави, но не се знае за здравствената состојба на нејзината мајка, ниту каде таа се наоѓа.

Сеха за медиумите изјави дека ова девојче е неговиот дар од Бога.

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега