Блокиран меѓународниот сообраќај: Автопатот Куманово - граница со Србија затворен за сообраќај
Поради денешниот жесток судир помеѓу Македонската полиција и вооружените косовски терористички банди кои го затворија Куманово за влез и излез, предмалку е затворен сообраќајот и на автопатот кон границата со Република Србија, пренесува Инфомакс.мк.
Овој автопат ја поврзува Македонија со Србија, но е и дел од автопатот кој ја поврзува Србија и Бугарија со Грција. Поради безбедносни причини, автомобилите се враќаат или се пренасочуваат по обезбедени патишта.
Оцени ја веста
09.05.2015 - 13:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа