МВР: Терористите се засолниле во неколку куќи - се вршат претреси

 

МВР утринава отпочна акција за откривање и разбивање на вооружена терористичка група која според сознанијата имала за цел да организира напади врз државни институции. Ова го изјави на прес конференцијата Иво Котевски, портпарол на МВР.

-Информациите  до кои дојдовме укажуваат дека групата влегла илегално во Македонија од една соседна држава и се засолнија подготвувајќи се за идни терористички напади. Надлежните служби ги лоцираа во неколку куќи во населбата. Станува збор за добро вооружена група обучена за дејствување во вакви услови, вели Котевски.

Како што изјави тој, бил изготвен план и формиран штаб за активностите на терен.

Околу 5 часот почна реализација на планот и наидоа на жесток отпор, бомби и снајперски оган, а во моментов се уште се во тек активностите.

Станува збор за специфично подрачје со голем број збиени куќи, па полицијата напредува тактички и врши претреси во куќите заради безбедносни причини.

Од МВР апелираат граѓаните и јавноста да останат мирни и заради чувствителноста на ситуацијата и истакнаа дека ќе излезат подоцна со подетални информации.

 

 

Оцени ја веста

09.05.2015 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега