Бројни операции на Ургентен - расте бројот на повредени полицајци

 

Повеќе од 20 полициски службеници се повредени во денешната вооружена пресметка во Куманово. Пред кусо време уште двајца беа пренесени со полициски хеликоптер.

Шеснаесет од нив се во Ургентниот центар и ним им била направена магнетна и компјутерска томографија.

На дел од нив во моментов им се вршат хирушки интервенции. Неколку припадници на безбедносните сили се во тешка здравствена состојба, објави Сител.

Полесно повредени полицајци од Куманово беа пренесени во градските болници „8-ми Септември“ и „СВ. Наум Охридски“.

 

 

Оцени ја веста

09.05.2015 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега