Апел од ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации

 

ВМРО-ДПМНЕ со голема  загриженост  ја следи безбедносната состоја во Р. Македонија особено во Куманово во наслбата Дива населба. Една терористичка група со околу 40 припадници кои што на нашата јавност и на другите соседи и на Меѓународната зааедница им се добро познати за што информиравме пред одредено време. Имаа сценарио за дестабилазација на државата, а нивната намера била напад на повеќе државни институции, установи и пунктови во областа на Куманово и на други места. Навреме се осознаени и нашите органи навреме делуваат, истакна Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ упатува апел до сите граѓани на Р. Македонија без разлика на нивната етничка, верска или партиска определба на воздржаност и смиреност и во дејствувањето и во примањето на било какви шпекулации или информација.

-Граѓаните на Р.Македонија треба заеднички да се справат со овие проблеми и со овие безбедносни предизвици. Стабилноста на државата нема цена и сите фактори и домашни, меѓународни и политички чинители во Р.Македонија и секој граѓанин на Р. Македонија треба заеднички да работиме за  стабилноста на нашата држава, истакна Милошоски.

Ваквото сценарио на дестабилизација или обид за дестабилизација не му одговара на никој разумен граѓанин, политичар, политичка партија или било која етничка заедница, напротив ова може да направи огромна штета на нашата заедничка држава Р.Македонија, посочи тој.

Милошоски во името на ВМРО-ДПМНЕ искажа безрезервна поддршка за припадниците на безбедносните сили кои што и во овој момент профисионално и одговорно и решително ја извршуваат својата задача.

-Им поскауваме, храброст, прецизност и успех во завршувањето на оваа безбедносна мисија. Во безбедносните сили на Р.Македонија имаме припадници и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи и сите тие се подеднаво важно за нас, рече тој.

 

 

Оцени ја веста

09.05.2015 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега