Шекеринска најави влошување на состојбата уште пред два месеци - ветеран на ОНА најави војна
Во скандалозниот документарец на Алџезира објавен неодамна СДСМ и СОРОС започнаа со креирање на страшна слика и меѓуетнички тензии во Македонија.
Главна “ѕвезда“ на арапската телевизија која пропагира радикален Исламизам беше заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Освен неа, жесток удар кон земјава зададоа и луѓето кои земаат плата од СОРОС за да работат против интересите на Македонија.
Во скандалозниот документарец кој го разгневи секој Македонец, Шекеринска најави дека работите ќе се влошуваат.
-Стигнавме до криза, а ситуацијата најверојатно ќе се влошува пред да се поправи, рече Шекеринска.
Веднаш по неа еден од ветераните на ОНА пред картата на Голема Албанија најави дека Албанците се спремни за војна.
-Сметаме дека Македонија е вештачка држава. Сонот на Албанците е да живеат на овие територии, каде живееле и каде уште живеат...Ако дојде до вооружена пресметка во Македонија. Ветераните ќе се борат за нашите браќа во Македонија. Не само ние туку и Албанците од Косово, рече ветеранот на ОНА.
Вчерашните случувања ја потресоа Македонија. Во вооружена пресметка со терористи загинаа македонски припадници на безбедносните сили.
Скандалозниот документарец на Ал Џезира се чини најави вакво сценарио, а Шекеринска ја предвиде ваквата ескалација.
КУРИР
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа