Да излеземе на Плоштад и да ја поддржиме македонската полиција

Сите граѓани, стари и млади и од сите националности Ве повикуваме утре да се собереме на плоштадите во 23 градови во Република Макдонија да ја изразиме нашата поддршка и почит на македонската полиција. Да се заблагодариме за нивниот патриотизам, за нивната професионалност и непоколебливост во одбрана на нашата држава, на нашите животи и нашиот мир и соживот, воспоставување на ред и владеење на законите, стои во објавата на Фејсбук страната „Поддршка за македонските безбедносни сили“.

-Со почеток во 19 часот на плоштадите во 23 градови во државата сите граѓани да покажеме благодарност за тоа што не бранат и не чуваат, обезбедуваат сигурност. Време е секој граѓанин да ја изрази својата почит кон современите херои на нашата заедничка држава, полицијата, се вели во повикот.

 

Повикот за собир е за денеска во 19 часот на плоштадите во:

· Велес,

· Кавадарци,

· Неготино,

· Гевгелија,

· Валандово,

· Струмица,

· Берово,

· Пехчево,

· Делчево,

· Кочани,

· Македонска Каменица,

· Виница,

· Штип,

· Пробиштип,

· Свети Николе,

· Кратово,

· Крива Паланка,

· Кичево,

· Охрид,

· Битола,

· Прилеп,

· Ресен,

· Скопје и тоа:
- Општина Гази Баба (плоштад "Филип II")
- Општина Кисела Вода (просторот "Кај Злате")
- Општина Ѓорче Петров (плоштад "Делфина")

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега