Млад стружанец избоден со нож

 

27-годишен стружанец заработи кривична за тешка телесна повреда. Се работи за Л.Н. од Велешта кој на Први Мај околу 15 часот со нож го нападнал 21-годишниот А.И. од истото село и му нанел повреди во пределот на двете нозе. 

Според податоците од полицијата, на настанот му предходела расправија во моментот кога двајцата се разминувале со своитевозила. Откако ги запреле возилата, насилникот веднаш излегол и со нож го нападнал  А.И. задавајќи му убодни рани најпрво во левата а потоа и во десната надколеница по што го напуштил местото на настанот.

Повредениот е пренесен во општата болница во Струга за укажување на лекарска помош. 

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега