Блумберг: ЕУ планира помош за Грција при евентуален „грегзит“

Европската унија планира исплата на финансиска помош за Грција, доколку земјата евентулано истапи од еврозоната, тврди американската агенција Блумберг.

Според весникот „Имерсија“, кој пренесува делови од анализта на Блумберг, европските земји веќе ја разгледуваат можноста за помош за Атина, со цел земјата да ги надмине последиците од евентуален „грегзит“, односно излез на Грција од еврозоната 

Весникот наведува дека Владата во Атина воопшто не очекува ваква помош од причина што не ни размилсува за напуштање на еврозоната и за откажување од еврото.

Во анализата на Блумберг натаму се посочува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас се обидува да ја обебзеди неопходната помош за да избегне банкрот на земјата.

Но, дури и да ја добие помошта, Европејците разгледуваат механизми за политичка и економска изолација на Грција при евентуален „грегзит“, со цел да ја заштитата еврозоната, смета агенцијата.

Блумберг наведува дека иако министрите за финансии на евроозната го поздравија напредокот на Грција на средбата на Еврогрупата, сепак тие и натаму се вознемиреми бидејќи Атина би можела да се откаже од спроведување на мерките чија имплемнтација е услов за исплата на пари на земјата.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега