Марем од Прилеп раскажува: Ги оставив овците на ливада за да глумам во „Збогум, Румелија“

Продуцентите на турската серија „Збогум, Румелија“ му заѕвониле на мобилниот на 43-годишниот Марем Исламоски од прилепското село Kанатларци додека ја работел својата секојдневна работа, пасење овци, и побарале да биде дел од екипата. Како што открива Дневник, тој го игра Хаки-ефенди во сцените во битолско и има само пофални зборови и за серијата и за сите актери во неа.

-Ми рекоа да ги оставам овците и веднаш ќе испратат автомобил на ливадата. Им одговорив дека не сум спремен, дека тешко ќе најдам некој да го преземе стадото оти се наоѓав на неколку километри од селото, но инсистираа, вели тој за Дневник и додава дека сите актери од серијата која е хит на Сител се приземни и многу добри луѓе. Вели дека Хатиџе била душа од човек, а Рамиз муабетџија, ама и големџија. 

Марем бил дел и од актерската екипа на турската серија „Балканска свадба“, а го менувал и гласот на турски на актерот Тони Михајловски во српската крими-серија „Парада“.

Повеќе на Дневник.

 

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега