Задолжително за сите родители: Што никогаш не смеете да му кажете на своето дете?

Детето ќе каже фала бидејќи слушнало дека тоа е начин на кој возрасните реагираат на љубезност, а не бидејќи вие сте му рекле дека така треба. Прочитајте на што треба, а што никако не треба да ги научите своите деца.

Текстот е извадок од книгата „Non insegnate ai bambini” на Џорџо Габер, која во превод значи „Не ги учете своите деца“.

Детето без страв се движи низ просторот, иако не го придржувате, бидејќи е сигурно дека ќе бидете тука ако му притребате.

Детето плаче ако почувствува болка повеќе заради тоа што се исплашило, отколку заради самата болка.

Детето е мисловно битие, полно со достоинство, гордост и желба за самостојност. Запомнете го тоа и сетете се  дека секогаш кога детето ќе ве замоли да му помогнете нешто да направи САМО – не правете го тоа наместо него, туку помогнете му.

Ако детето се лизне и падне, иако сте му рекле да не трча по лизгавиот под, немојте да го карате и да му велите “Убаво ти велев да не трчаш”. Тоа е неверојатно суров начин на воспитување – да се кара детето кога погрешило и притоа се повредило. Пред се, ако тој некој е дете, желно за трчање, игра и запознавање на нови работи. Во тој момент треба да го прегрнете детето и да му бидете поддршка, баш како и вас што ви треба некој да ви помогне да станете, кога ќе паднете.

Детето не треба да земе книга во рака бидејќи добило наредба да го направи тоа (тоа е најефикасниот начин да го замрази учењето), туку бидејќи е опкружено со книги, бидејќи од родителите научило дека читањето е важно, бидејќи видело дека мама и тато секојдневно читаат, бидејќи е водено од љубопитност да дознае какви сознанија се кријат меѓу кориците.

Детето верува во самовили ако мисли дека и вие верувате во нив.

Детето верува во љубов, ако расте во љубов, дури и ако луѓето кои го растеле не биле негови родители. Ако детето расте во лажна љубов, ќе стане возрасен човек кој се плаши од чувствата и не сака да ги покаже.

“Не сум нервозна, ти сега ме нервираш” е реченица која НИКОГАШ не смеете да ја изговорите.

Детето кое секогаш е активно крие во себе огромна енергија – дозволете му да ја исфрли, не терајте го да се смири и да ја потисне својата потреба за активност. Обидете се што почесто да бидете во природа.

Премногу чисто и уредно дете не е среќно дете – земја, кал, песок, барички, животни, снег – тоа се работи со кои детето сака да биде во допир. Допуштете му го тоа, макар и по цена на некој уништен пар панталони. Нови панталони ќе купите, детската радост не можете.

Детето кое се облекува комбинирајќи црвена, плава и жолта боја, не е невкусно облечено. Тоа е дете на кое родителите му допуштаат полека да го гради својот вкус и стил.

Детето поставува милион прашања. Нема на сите да имате одговор. Кога ќе дојде таа ситуација, слободно кажете “Не знам, но ќе се потрудам да дознаам”. Тоа е многу подобро отколку да се обидете да се извлечете со измислени одговори. Детето ќе го почувствува тоа, а потоа следуваат потпрашања, на кои нема да можете да одговорите.

Остатокот од текстот прочитајте го на најголемиот семеен портал во Македонија,Рингераја.мк

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега