Детали за хоророт: Убиецот на Миодраг со години сеел страв кај соседите

 

Душан Власиќ, 22-годишниот убиец на две години постариот Миодраг Мириќ од Инџија, со години го тероризирал населението. Според зборовите на соседите, пред две години во центарот на градот заклал куче, а без никаков повод им се заканувал со оружје и на сограѓаните.

- Закла куче, па со нож шеташе по центарот и сееше страв. Имаше и деца, а тој шеташе со Лабрадор откако му направи масакр. Со години живеевме во страв, вели соседка за српскиот Курир  прашува зарем морало да се случи убиство за да го уапсат.

Во семејството на уиениот Миодраг владее молк и тага. Сите велат дека бил златно момче, добродушно кое немало проблеми со никого. Убиецот кобната вечер го удрил сега убиениот во кафуле и иако тој останал смирен, убиецот се вратил со пиштол и го усмртил.

Семејството е скршено од болка.

 

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега