Ноам Чомски: Кој е сопственик на Земјата? – кој ги одредува границите?

И покрај големата трагедија на повидок, по којасе заканува уште поголема катастрофа, можеби е погрешно и сурово укажувањето на втора можност, која иако апстракна и неизвесна можеби води кон подобар свет – и тоа не во така далечна иднина.

Го посетив Либан неколку пати и присуствував на моменти на голема надежи очај, неодвоени од непоколеблива одлучност на либанскиот народ совладувајќи ги сите тешкотии и тргнувајќи напред.

Прв пат го посетив Либан пред 60 години. Една вечер мокјата жена и јас шетавме по северна Галилеја во Израел кога изненадно наидовме на џип и од него некој ни довика дека треба да се вратиме назад. Бевме во погрешна земја. Случајно ја преминавме границата меѓу Либан и Израел, тогаш необележана, а сега веројатно тешко милитаризирана.

Неважен случај но со важна поука: Легитимноста на државните граници во најдобар случај е привремена.

Големиот број на граници се произволно поставени и наметнати и одржувани со сила. Либанско-израелската граница утврдена пред стотина години со договорот меѓу Сукес и Пикот со кој Отоманското царство било поделено во склоп со британскте и француските империјални интереси, со игнорирање на логиката на терен и желбата на луѓето кои таму живеат.

Оваа граница била бесмислена такашто не е чудно што луѓето и несвесно ја минувале.

Речиси сите страшни конфликти кои денес беснеат всушност биле остатоци од империјалните злочини и повлекување на границите во интерес на големите сили.

Паштуните никогаш не ја признаа границата која ја повлекоа Британците за да го издвојат Пакистан од Афганистан ниту пак е призната ниту една афганистанска влада. Интерес на денешните империјални сили е да Паштините кои ја минуваат оваа линијасе означат како терористи и нивните домови бидат мета на нападите на американските беспилотни летала и специјалните единици.

Мала број се границите во светот кои се чувани со софистицирана технологијаи и кои се предмет на страсна реторика, од оние кои ги одвојува Мексико и САД, две земји со пријателски дипломатски односи.

Станува збор за граница која е утврдена по американската воена агресија во 19 век, и која остана доста отворена се до 1994 година. Бил Клинтон не го милитаризираше движењето на операцијата „Чувар на капијата“.

Пред тоа луѓето редовно ја преминуваа за да ги посетат своите роднини и пријатели. Оваа операција веројатно била мотивирана од друго случување истата година – наметнато од североамериканскиот договор за слободна трговија (NAFTA).

Администрацијата на Клинтон добро знаела дека мексиканските фармери не можат да конкурираат на високо субвенционираниот американски агро-бизнис, ниту мексиканските американски мултинационални корпорации, кој според NAFTA прописите уживајќи национален статус во Мексики.Сето тоа неизбежно доведе до голем имигрантски бран од Мексико во САД.

Некои граници настануваат заедно со омразата и конфликтите кои симболизираат и инспирираат. Најдраматичниот случај е Европа. Ова тло со векови било едно од најбруталните региони во светот, раздорено со гнасни и деструктивни воени. Европа разви технологија и култура на војување со кое може да го покори светот. По последниот излив на неопишливо дивајштво, меѓусебното уништување престана на крајот на Втората светска војна.

Теоретичарите ваквиот исход го објаснуваат со тезата споредкоја демократските држави не војуваат меѓусебе. Но можеби Европјаните само сватиле дека до таа мерак ги развиле своите разорувачки потенцијали, што доколку повторно ја заиграат својата омилена игра, тоа веројатно би била и последна.

Европската интеграција следи сериозни проблеми, но тоа е големо подобрување во однос на тоа што го имале претходно.

Сличен исход може да се очекува и на Блискиот исток, регионот кој до неодамна и немаше граници. И тие повторно исчезнуваат, но на грозни начини.

Сирија наизглед има неизбежни конфликти, но долгогодишниот дописник од Блискиот исток, Патрик Кокбурн, кој сега пишува за Индепендент, предвидува да сирискиот пожар и неговото регионално влијание ќе означи крај на договорот Сукес – Пикот.

Сириската граѓанска војна повторно беше покрената со шитско – сунитскиот конфликт, еден од најлошите последици на американско – британската инвазија на Ирак пред 10 години.

Курдскиот регион во Ираки Сирија почнува со автономија и меѓусебно поврзување. Многу аналитичари сметаат дека прво ќе добиеме курдска отколку палестинска држава.

Ако благодарение на меѓународниот консензус Палестина некогаш стекне независност, нејзините граници со Израел ќе еродираат како последица на секојдневните деловни и културни размени, што и претходно било случај.

Ова би можело да биде чекор кон поблиски регионални интеграции и можеби полека ќе исчезнат наметнатите граници кои ги делат Галилеја, меѓу Израел и Либан. Така излетниците повторно би можеле слободно да шетаат таму каде што јас и мојата жена шетавме пред 60 години.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега