СМРТОНОСНО СЕЛФИ: Девојка загинала обидувајќи се да се фотографира на покрив на воз!

Тинејџерка од Романија трагично загинала кога од покривот на воз со нозете се закачила на електрична жица, обидувајќи се да направи идеално селфи.

Ана Урсу (18) со пријателка заминала на железничка станица во гратчето Ласа на североисток на Романија. Сакала да направи “посебно селфи“ кој подоцна би го споделила на Фејсбук.

Меѓутоа кога легнала на врвот на возот и ги кренала нозете во вис  се закачила за електрични кабли. Дури  27 илјади волти струја поминале низ нејзиното тело, нанесувајќи и тешки изгореници.

Наспроти напорите да и го спасат животот, девојката починала на пат за болница, со дури 50 отсто изгореници низ целото тело.

1sel.jpg500

Случаен минувач кој сведочел на овој трагичен настан дотрчал во обид да и помогне на несреќната Ана Урсу, но се што успеал е да го изгасне огнот и повика итна помош.

Другарката на загинатата девојка на полицијата и посведочила дека „сакале да направат ултимативно селфи, како и дека минувачот ги предупредил на опасност од струја и ги замолил да се симнат, но тие не го послушале“.

2sel.jpg500

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега