ФОТО: Загинала обидувајќи се да направи идеално селфи

Тинејџерка од Романија трагично загинала кога од покривот на воз со нозете се закачила на електрична жица, обидувајќи се да направи идеално селфи.
Ана Урсу (18) со пријателка заминала на железничка станица во гратчето Ласа на североисток на Романија. Сакала да направи “посебно селфи“ кој подоцна би го споделила на Фејсбук.
 
Меѓутоа кога легнала на врвот на возот и ги кренала нозете во вис  се закачила за електрични кабли. Дури  27 илјади волти струја поминале низ нејзиното тело, нанесувајќи и тешки изгореници.
Наспроти напорите да и го спасат животот, девојката починала на пат за болница, со дури 50 отсто изгореници низ целото тело.
Случаен минувач кој сведочел на овој трагичен настан дотрчал во обид да и помогне на несреќната Ана Урсу, но се што успеал е да го изгасне огнот и повика итна помош.
 
Другарката на загинатата девојка на полицијата и посведочила дека „сакале да направат ултимативно селфи, како и дека минувачот ги предупредил на опасност од струја и ги замолил да се симнат, но тие не го послушале“.
 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега