ФОТО: Ирина Шаек во венчаница

Убавата Русинка продефилира во венчаница.

Ирина Шаек конечно облече венчаница. Таа и во оваа пригода блескаше како и секогаш.

Убавата манекенка ја затвори ревијата на модната куќа „Проновиас“ за време на модната недела во Барселона, a судејќи според фотографиите можеме да заклучиме дека кога Ирина ќе одлучи да стапне на лудиот камен ќе изгледа прекрасно.

И покрај тоа што до пред пет месеци мислевме дека на олтарот ќе ја однесе најдобриот фудбалер на денешнината Кристијано Роналдо 29-годишната Русинка има многу поголеми шанси тоа да го стори со актерот Бредли Купер со кој моментално е во врска.

Оскаровецот и манекенката неодамна ја признаа врската, а папарацо фотографите ги фатија како страстно се бакнуваат.

Еве како изгледа згодната Русинка во венчаница!

1ir.jpg500

2ir.jpg500

3ir.jpg500

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега