Западен Балкан со повик до ЕУ да го финансира економскиот развој на регионот

Премиерите од шест држави од Западен Балкан кои учествуваа денеска во економскиот форум во Тирана ја повикаа Европа да го финансира економскиот развој на државите од регионот. Според нив, тоа ќе обезбеди стабилност на Западен Балкан каде се уште има етнички тензии.

- Потребни ни се пари за да ги развиеме инфраструктурите. И се обраќаме на Европа за да ги добиеме. Ако Европа не може да ни помогне треба да ни каже за да бараме сами начини, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ во рамките на регионалната економска коннференција.

- Со финансиска поддршка за заеднички проекти на држави од Западен Балкан како и интеграција во ЕУ, Европа ја финансира својата иднина, нагласи албанскиот премиер Еди Рама.

Тој вели дека тоа би помогнало на државите до регионот да обезбедат стабилен мир и „обезбедување на Европа да не се најде во иднина соочена со ситуација како во Украина“.

- Даваме напори за да ги измениме нашите несогласувања и конфликти во мостови за соработка и развој што ќе помогне на сите заедно во големото европско семејство, изјави премиерот на Косово Иса Мустафа.

Вучиќ додаде дека со албанскиот колега договориле да се побараат пари од ЕК за финансирање магистрала од албанското пристаниште Шенгин со Приштина, Ниш и Белград.

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега