Трагедија во Гостивар: Старец се удавил во Вардар

Безживотното тело на повозрасен маж, вчера доцна попладне било извадено од водите на Вардар, во близина на селото Чајле, Гостиварско. 

Според првичните сознанија, станува збор за В.Ј.(86) жител на селото Чајле, кој утрото од неговите роднини бил пријавен како исчезнат.

Беживотното тело во водите на Вардар, во месноста "долни ниви" околу 17 часот, го забележал случаен минувач и пријавил во полициското оддление Чегране. На местото бил направен увид што го водел Јавен обвинител, а по негова наредба, телото е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Починатиот старец, последен пат бил виден утрото на мостот во селото, одалечен половина километар од местото каде што било најдено неговото тело

 

 

Оцени ја веста

29.05.2015 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега