МОНСТРУМ: Татко ја убил својата четиригодишна ќерка и ја распарчил

Хорор ја потресе Атина, татко си ја убил својата четиригодишна ќерка и ја распарчил. Малата Ани Борисова била во полиција пријавена за исчезната на 21 април, по што започнало да се трага по неа. 

Грчката полиција на почетокот на мај нејзиниот татко Станислав Бакардиев бил уапсен и обвинет за убиство на детето .

Денеска е обелоденето дека грчката полиција добила писмо во кое имало детали за вклученост на Станислав Бакардиев и Димитрина Борисова, мајката на убиеното двеојче, во потенцијален план за трговија со органи.

Грчката полиција наводно побарала екстрадиција на Германец поврзан со смртта на детето.

Регионалниот шеф на полицијата Христос Папазафири претходно изјавил дека остатоците од телото на детето биле расфрлани во контејнери на различни страни на Атина „на начин на кој е невозможно да се открие дека станува збор за делови од тело“.

Бакардиев негирал дека ја убил својата ќерка и изјавил дека ја нашол мртва во нејзиниот кревет, а потоа решил да се ослободи од нејзиното тело за да не се загрижува мајка и!

Полицијата верува дека е можно мајката да не знаела што направил нејзиниот партнер. Но и таа е уапсена откако полицијата открила траги од крвта на детето во нивниот стан во Атина.

 

 

Оцени ја веста

29.05.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега