Шокантна исповед на момче кое го прогонува духот на покојната пејачка Ксенија Пајчин

Младен Поповиќ од околината на Белград тврди дека убиената ѕвезда Ксенија Пајчин го прогонува во сон. Редакција на магазинот Старс го пронајде Павловиќ, кој пред три години ја искрши нејзината фотографија на надгробна плоча бидејќи, како што вели, пејачката во сон му барала тоа да го стори.

Поради своето лудило несреќниот човек размислувал да крена рака и на себе, но во вистински момент побара помош од психолог.

На Ксенија и се воодушевував уште во детството. Имав чест да ја запознам во нејзиното училиште за танцување каде кус период и одев да учам да танцувам. Денот кога слушнав дека е убиена е најлошиот ден  во мојот живот. Многу се потресов и од тогаш почнуваат моите проблеми. Со ноќи не можев да спијам, а и кога ќе успеев да заспијам, се будев целиот испотен. Нејзиниот лик постојано мие пред  очите. Ме обвинуваше дека не сум ја спасил од нејзиниот убиец. Низ целата соба држев нејзини фотографии и постери со нејзиниот лик. Не можев да ја исфрлам од глават. Секоја вечер ми доаѓаше на сон. Се почна со кошмари во кои таа прво плачеше,  а потоа морничаво се смееше. Ми кажа да ги искинам сите нејзини постери и фотографии, а најлошо беше кога ме замоли да отидам на нејзиниот гроб и да ја искршам нејзината надгробна плоча“, тврди тој. Во јануари 2013 година, во целосно лудило, доцна навечер отидов на гробишта и ја искршив фотографијата на нејзиниот гроб. Откако тоа го сторив, некое време не ми доаѓаше на сон и бев мирен. Помислив дека конечно сум слободен. За жал, кошмарите набрзо се вратија. Имав чувство дека постојано е во моја близина. Во секоја девојка го гледав нејзиниот лик“, зборува несреќното момче и открива дека советите на психологот му помогнале да ги реши ноќните мори:  Имав повеќе од  десет сеанси. Некое време ја напуштив Србија. Последен пат кога ми дојде на сон ми кажа дека се ми е простено и од тогаш повеќе не ја сонував, но често плачам кога мислам на неа“, ја завршува Павловиќ својата исповед.

За потсетување, Ксенија ја уби нејзиното момче, манекенот Филип Каписода, поради љубомора.

Извор: Вистина

 

 

Оцени ја веста

29.05.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега