Децата гледаа како ме тепа и силува секој ден - потресна исповед на Ивана

Србинката Ивана Ѓ. сведочи за годините кои живеела во пекол. Таа раскажува како нејзиниот невенчан сопруг ја тепал и злоставувал секој ден дури и пред очите на нивните деца.

- Теророт започна во деветиот месец на бременоста со првата ќерка. Во врска бевме околу година дена. Сепак, вистинското лице го покажа подоцна, се сеќава Ивана.

Малтретирањето и ќотекот од ден за денес станувал се почест и поинтезивен. Ниту децата не биле изоставени. Нејзиниот маж ја злоставувал и се иживувал врз неа. Ја тепал, навредувал, малтретирал...

-Секојдневно ме тепаше. Најголемиот ќотек го јадев кога беше пијан. Но и без алкохол беше агресивен. Боледуваше од менингитис и мислам дека болеста му остави трајни последици, раскажува Ивана, при тоа додавајќи дека за теророт кој го преживувала сведочеле и децата. 

Несреќната Ивана конечно решила да се спаси од тој човек па решила да побара помош каде е сместена во бебзбедна куќа.

 

 

 

Оцени ја веста

29.05.2015 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа