Ме давеше со сета сила, и во себе си велев, вака изгледа смртта - Драгица со потресна исповед

Со траума и болки, засекогаш ќе живее Драгица Костиќ од Нови Сад, Србија. Четириесет и шест годишната Србинка, веќе 12 години била сама и и требало љубов. За брзо време стапила во брак со Драган Т. кој го запознала на интернет.

На почетокот не ни можела да замисли што ја очекува. 

Поранешната жена на нејзиниот сопруг, и неговата ќерка, кога дознале за бракот започнале да вршат притисок врз него и да му се закануват, при што тој зпочнал премногу да пие.

Една вечер испил два литри пиво и еден литар ракија. Тогаш започна несреќниот живот за Драгица.

„Легна да спие, но во текот на ноќта се разбуди и почна да ме тепа. Болката беше неподнослива.“, раскажува Драгица.

За оваа случка била известена полицијата, по што тој се обидел да се самоубие. Но и покрај тоа таа остана со него, пред се поради нејзиното семејство кое не ја поддржувало и и вршеле притисок да остане со него, бидејќи ќе биде „брука“ ако се разведе за кратко време.

За несреќа, Србинката била нападната уште еднаш, но овај пат побрутално.

„Беше на работа. Во еден момент дојде во станот и почна да си ги пакува куферите. Бев во шок и се обидов да го побарам. Постојано повторувал- јас не можам да живеам со оваа жена, ослободете ме.“, кажува Драгица.

Тогаш ги оставил работите и се фрлил врз неа. Шамарите се претвориле во давење. Ја фрлил на под. Почуствувавала дека заминува. Не можела да земе воздух, па си рекла во себе- „вака изгледа смртта.“

Тој мислејќи дека ја удавил пробал да ја врати поливајќи ја со вода, но откако не реагирала го побарал неговиот кум да му каже дека ја удавил. 

За среќа по неколку минути Драгица се освестила и откако се опоравила побарала помош од надлежните институции, по што се разведиле.

Драган се помирил со судбината и заминал да живее со неговата мајка.

 

 

Оцени ја веста

30.05.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега