Сопругата на познатиот актер со потресно писмо:Денес сме ние, а утре сте вие!

Сопругата на познатипот српски актер Милена Дравиќ го замолила уредникот на еден српски таблоид  да прекине со медиумскиот линч врз нејзиното семејство. 

Прочитајте што напиша Милена во нејзиното писмо:

„Почитувани, 

По повод медиумскиот линч кој се случи во деновите кои се зад нас, а се случува и во овие моменти, ме принуди како сопруга на Драган Николиќ, уметник, актер, како Белграѓанка и како уметник, да им го поставам прашањето на сопствениците, уредниците, новинарите на весниците и интернет порталите. Познато е дека во минатите времиња (постои документација) Србија е единствена земја која ги стрелаше, во огромен број, своите актери, невини луѓе. Ужасни работи се случија.

Дали сите овие луѓе кои нам двајцата ни прават толкаво зло се потомци на тие стрелачки водови? Распнувањето на мојот болен сопруг и мене, сосема сама во оваа безумие, сигурно е почеток на една голема трагедија за нашата култура, уметност.

Драги уметници, драги колеги, ве потсетувам, денес сме ние, а утре сте Вие.“

Со почит,

Милена Дравиќ-Николиќ

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега