ФОТО: Пробиени 80 проценти од автопатот Миладиновци- Штип - на терен 500 работници

Преку 500 градежни работници работат на автопатот Миладиновци- Штип каде моментално се пробиени 80 проценти од трасата. Во моментов работат 2.200 лица на вкупно 230 километри патна инфраструктура од кои 130 километри се автопатишта.

Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при посетата на прва секција од автопатот Миладиновци - Штип на потегот кај селото Средно Коњаре.

- Моментално се пробиени 80 проценти од трасата. Динамиката е запазена. Имавме многу проблеми со врнежите и снеговите, но во моментов добро се одвиваат градежните активности и очекувам во летниот период да се зголемува динамиката, истакна Мисајловски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов информира дека на делницата Миладиновци - Штип се работи на сите седум надвозници како и на исто толку клучки, како и дека се завршени сите потпорни ѕидови. Според Стојанов изградбата на автопатот ќе завршат во предвидениот рок.

Во тек е изградба и рехабилитација на четири регионални и магистрални делници и тоа на патот Маврови Анови - Маврово, Скопје - Сончев Град и Опае - Бељаковце - Станчиќ - граница со Косово, како и изградба на патот Велес - Кадрифаково. Вкупната должина на овие делници изнесува 52 километри.

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 15:25
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега