Македонско-унгарски деловен форум во Скопје

Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија и Унгарската национална трговска куќа во Скопје организираат Македонско-унгарскиот деловен форум.

Главен акцент на Деловниот форум ќе биде ставен на можностите за соработка во областа на земјоделството и прехранбената индустрија, со цел натамошно зајакнување на соработката во оваа област, претставување на Унгарската  национална трговска куќа во Скопје  чија улога е поврзување на малите и средни претпријатија од Македонија и Унгарија, која во моментов има околу 3000 фирми-членки, можностите за набавка на опрема и нови технологии и трансфер на знаења од земјоделско-прехранбената дејност од Унгарија, настап на саемски манифестации во Унгарија, како и заедничко аплицирање на компании од двете земји на проекти од Програмата на ЕУ „Хоризонт 2020“.

На Mакедонско-унгарскиот деловен форум ќе присуствуваат Јожеф Бенце, амбасадор на Република Унгарија во земјава, Ервин Сел, економско аташе при Амбасадата на Унгарија во Македонија, Сашо Јанакиевски генерален директор на Унгарската  национална трговска куќа во Скопје.

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега