Оставете го smart телефонот- Овај глупав телефон ќе ви го промени животот

Не можете да живеете без вашиот smart телефон? Не можете ни минута да бидете дисконектирани од интернет? По кафичи барате штекер за да го наполните?

Веќе е произведен глупавиот телефон, кој има само една опција- јавување и примање на повици. Нема пораки, нема електронска пошта, нема Facebook, нема камера, но има други предности- батеријата му трае 20 денови, и вреди само 100 долари. Овај глупав телефон функционира многу едноставно- се синхронизира со вашиот smart телефон. Миленичето можете да си го оставите дома, со вас да го понесете анти-smart и ќе ги примите сите повици, а ќе можете и да се јавите. Light телефонот е тенок и лесен со големина на кредитна картичка.

Целта на креаторите Џо Холиер и Каивеи Танг не е light телефонот да го замени smart, туку да постојат истовремено.

 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега