Изгубил контрола удрил во карпа и се превртел - страотна сообраќајка во Тетово

Вчера се случила страотна сообраќајна несреќа во Тетово.

До несреќата дошло кога околу 9 часот наутро на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на „ИГМ Вратница“ , товарно моторно возило „Форд транзит“ со тетовски регистерски таблици управувано од 21-годишниот С.Ш загубило контрола, удрило во карпа и се превртело.

За жал во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди при што билведнаш пренесен на скопските клиники.

Првично, причина за несреќата е неприлагодена брзина со која возел тетовчанецот.

Материјалната штета се проценува на околу 50 илјади денари.

најчитано сега