Семејна драма: Веселинка брутално го претепала сопругот

Бугарката Веселинка Надрљански брутално го претепала и избркала од дома својот сопруг- Александар, по што била уапсена.

Осумдесет и пет годишниот се здобил со тешки телесни повреди, при што е пренесен во болница. Двајцата сопружници привремено престојувале во Бар, Србија. 

Случајот е пријавен во полиција, а како што соопштуваат од таму, помеѓу нив дошло до кавга, која преминала во тепачка.

Александар изјавил дека бил нападнат без причина, а откако бил пуштен од болница, се вратил дома. За жал, Веселинка повторно го избркала. Овој пат полицијата ја уапсила.

 

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега