Голема акција: Падна декан на познат скопски факултет

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против поранешен декан на Стоматолошкиот факултет во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени финансиски малверзаци за време на извршувањето на функцијата Декан.

Според податоците до кои дојде Финансиската полиција во текот на истрагата, поранешниот Декан на Стоматолошкиот факултет во Скопје, од само нему познати причини, на определени доктори-специјализанти по разни области на Факултетот, им го простил надоместокот за специјализацијата кои биле должни да го платат.

-Пријавениот Декан, кривичното дело го сторил во периодот 2010-2012 година, кога иако со Закон и Статут бил обврзан на одговорно финансиско работење, постапил спротивно на донесените Одлуки од надлежниот Министер за здравство и од Стоматолошкиот факултет за утврдување на висината и динамиката на плаќање на паричниот надомест за специјализација на доктори, на начин што дозволил шест(6) доктори-специјализанти од Стоматолошкиот факултет да полагаат специјалистички испит и да добијат соодветно Уверение за специјалист, без притоа да го намират предвидениот паричен надомест спрема Стоматолошкиот факултет.Иако пријавениот бил свесен дека сите останати специјализанти си ги подмириле своите обврски кон факултетот или склучиле договор на нотар за уредување на динамиката на плаќање на заостанатиот долг, сепак дозволил шесте привилегирани да специјализираат гратис, соопштуваат од Финансиската полиција.

Со ваквото свое однесување, пријавениот причинил директна штета на буџетот на Стоматолошкиот факултет во Скопје во износ од 55.000 евра во денарска противвредност.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега