Трагедија: Ги нашле како лежат во ходник - Никола и неговата сопруга заминаа во смрт

Брачниот пар, пензионерите Никола и Спасена Милобратовиќ, најверојатно починале од глад, пред неколку денови во Белград, Србија.

Телата на починатите се пронајдени во фаза на распаѓање од нивните соседи, откако неколку пати се обиделе да стапат во контакт со нив, пренесува српскиот портал alo.rs.

Причината за смртта најверојатно е глад, тоа се потврдува со фактот дека во блиската пекара имале долг за леб од околу 30 евра. Двајцата имале мали пензии, но како што тврдат соседите, никогаш не се жалеле. 

Веќе неколку денови ги немало, не отварале на вратата, а од нивниот стан се чуствувало неподнослива смрдеа, раскажуваат соседите, по што се одлучиле да ја скршат вратата и да влезат во станот.

„Несреќната жена лежела во ходникот мртва, а во спалната соба на креветот лежел мажот“, тврдат тие.

Повикале полиција и итна помош, но само се констатирала смртта на телата кои биле во распаѓање. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега