Утре ќе бидат пуштени во продажба билетите за Еуробаскет 2013

Од утре (1 јули) ќе бидат пуштени во продажба билетите за првата, групна фаза на претстојното Европско првенство во кошарка кое од 4 до 22 септември ќе се одржи во Словенија.

Продажбата на билетите со нетрпение ја очекуваат и македонските навивачи кои ќе патуваат во Словенија во градот Јесенице, да и дадат поддршка на македонската репрезентација.

Македонија на овој шампионат ќе игра во групата Б каде за противници ќе ги има селекциите на Црна Гора (4 септември), Литванија (5 септември), Србија (6 септември), Босна и Херцеговина (8 септември) и Летонија (9 септември).

Според информацијата објавена на официјалната веб страна на Еуробаскет Словенија 2013,  секој поединец може да купи максимум четири билети за еден натпревар. Пакет-билети за неколку натпревари или повеќе фази од шампионатот, нема да може да се купуваат.

Што се однесува до цените на билетите тие се движат од 15 евра за третата категорија, 25 евра за втората категорија и оние за најубавите места (прва категорија) чинат по 35 евра. Билетите ќе можат да се набават преку интернет на веб страната www.eventim.si 

најчитано сега