Грантови за 15 мали бизниси преку Фондот за поддршка на жени и млади претпримачи

Петнаесет мали бизниси досега добиле грантови преку Фондот за поддршка на жени и млади претпримачи од неговото почнување со работа во март минатата година. 

Општина Брвеница ќе донира 5.000 долари на Фондот за што денеска ќе биде потпишан меморандум за разбирање со Здружението за локален рурален развој и проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија. 

Целта на фондот, основан од УСАИД во соработка со Здружението за локален рурален развој, е да создаде одржлив модел за поддршка на бизниси во сопственост на жени и млади во Полошкиот регион.

Досега во овој фонд се донирани 120.000 долари кои се користат за да се поддржи растот на малите бизниси во сопственост на жени и млади. Фондот дава мали грантови на овие бизниси со кои тие се прошируваат, ги зголемуваат своите приходи и отвораат работни места, соопшти Канцеларијата на УСАИД во Скопје.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега