Осумнаесет мигрантипронајдени во вагон - меѓу нив и мало дете

 

Осумнаесет мигранти се откриени во саботата околу 20:30 часот во вагон на товарен воз кој се сообраќал на релација од Солун до австрискиот град Ламбах, соопшти МВР. Мигрантите биле на возраст од 15 до 36 години, а со нив имало и едно седумгодишно дете. Седумнаесет од нив биле од Авганистан, а еден од Ирак.   

При извршување на зајакнато обезбедување на државната граница од напливот на илегални мигранти од африканските и азиските земји, на 6 јуни 2015 година, во 20:30 часот од страна на патролен тим се откриени 18 лица, илегални мигранти сокриени во еден од вагоните на кој беше товарена камионска приколка. Возот се обраќал на релација од Солун, Грција до Ламбах, Австрија. Во присуство на полициски службеници на железничкиот премин „Богородица“, цариник и работници од Македонски железници, вагоните се отворени и во еден од нив се откриени илегални мигранти од кои 17 авганистански државјани на возраст од 15 до 36 години, а со нив имало и едно седумгодишно дете, како и еден државјанин на Ирак на возраст од 33 години.

Во раговорот со нив е откриено дека немале организатор и по кажување на неколкумина, тие незабележано влегле во приколката додека сеуште се товарала и вратите биле отворени.

Од Македонски железници не е констатирана штета и недостаток на стоката која била во приколката.

 

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега