Нова супер понуда од ВИП - не пропуштајте

Вип претставува нова промотивна понуда единствено со Вип Комбо пакетите, нудејќи им на корисниците ексклузивна можност да го добијат моќниот iPadmini 3 по промотивна цена од 799 денари месечна ратаи да уживаат сурфајќи со 4G брзини на мрежата на Вип.

 Корисниците кои од денеска, па сèдо 31 јули 2015 ќе склучат нов или ќе го обноват својот постоечки претплатнички договор на 24-месеци во некој од пакетите Vip Combo S, Vip Combo M или пак Vip Combo L, покрај бројните придобивки содржани во секој од пакетите, како најголем избор на HD канали во сите ТВ-приклучоци, супер - брз оптички интернет и  неограничена фиксна и мобилна комуникација, добиваат одлична можност да го купат iPad mini 3 по промотивни цени преку инстант потрошувачки кредит, без камата и дополнителни трошоци, во соработка со НЛБ Тутунска банка. 

 

 iPad mini 3оперира на А7 чип со 64-битна десктоп архитектура, кој обезбедува одлична процесорска моќ без притоа да влијае на батеријата. Напредните перформанси на камерата и дисплејот осигуруваат неверојатно живи и јасни фотографии и видеа, а пак најнапредниот мобилен оперативен систем iOS 8, го прават iPad mini 3 незаменлив.

 

 Понудата е достапна за сите физички и правни лица, во Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Штип и Прилеп, на локации каде што постои техничка можност за користење на услугата.

 

 Повеќе информации за оваа понуда и Вип корисниците можат да добијат со јавување на контакт центарот на Вип на  на 077 1234 или на www.vip.mk.

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега