Почнува полагањето државна матура

Од денеска до 19 јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во учебната 2014/2015 година. Државниот испитен центар соопшти дека оваа година се пријавени 17643 ученици. Од нив, 8815 се од гимназиско образование, 8550 од средно стручно образование и 278 од средно уметничко образование.

Во сите средни училишта во Македонија денеска ќе се полага мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е задолжителен предмет на испитот државна матура. 

Македонски јазик и литература ќе полагаат 11359 кандидати, 5565 албански јазик и литература, а 397 - турски јазик и литература.

На 15 јуни ќе се полага странски јазик. И оваа година најмногу матуранти избрале да полагаат англиски јазик (16336). За француски јазик се пријавиле 134 кандидати, за германски 178 и за руски јазик 47 кандидати.

На 17 јуни ќе се полага математика, за која се пријавени 2626 кандидати.

На 19 јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 4582 кандидати, историја - 3856, биологија - 3654, филозофија - 2679, хемија - 354, физика - 119 и естетика - 204.

Во сите испитни денови тестирањето ќе почнува во 10 часот.

- Испитниот материјал се доставува во училиштата и се враќа во Државниот испитен центар истиот ден кога се реализира испитот. Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани 2117 наставници како тестатори и околу 200 набљудувачи претставници од институциите надлежни за образованието во Република Македонија, соопшти ДИЦ.

Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит. 

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега