РЕВОЛУЦИЈА: Авионите самите ќе се поправаат додека летаат

Малите пукнатини на крилата на авионите се честа причина за нивното принудно слетување а покрај тоа што може да биде опасно за безбедноста на луѓето во леталото, овој проблем авио компаниите ги чини милиони долари.

Но британските хемичари најдоа решение. Станува збор за соединение кое може да ги излечи крилата на авионот слично како залечувањето на кожата кај луѓето. Ова хемиско соединение може да се користи на екраните на мобилните телефони, во случај на кршење.

На оваа технологија работеа научници од Универзитетот во Бристол. При удар ова соединине ослободува смеса која ќе ги пополнува дупките. Потоа смесата ќе дојде во допир со катализаторот кој ќе ја забрза хемиската реакција, што ќе резултира со материјалот кој ќе ги пополни дупките.

Тестирањата покажале дека поправениот материјал има иста јачина како и пред штетата.

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа