Убиство среде плоштадот во Кичево

Со нож во грбот го убил својот брат и ја поредил неговата сопруга. 42 годишниот А.С од кичевско Другово ќе одговара за убисво иубиство во обид откако вчера околу 16 часот на плоштадот во Кичево го нападнал својот 46 годишен брат Арун и неговата 39 годишна сопруга. Тој им пришол од зад грб и го прободел својот брат со нож а потоа ја нападнал и снаат нанесувајќи и тешки телесни повреди. Итно биле префрлени во кичевската болница каде Арун им подлегнал на повредите. 
Полицијата го привела осомничениот и најавува расчистување на случајот. Нема информации кои биле мотивите за убиството.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега