Совети за заштита на кожата од силното сонце

Секојдневното излегување на силно сонце е штетно за вашата кожа. Сунчањето е секогаш на прво место, а заштитата од сонцето, паѓа во втор план. Освен што кожата старее, се добиваат и кожни заболувања, а постои и опасност да се добие рак на кожата.

За да го избегнете тоа еве неколку совети како да се заштитите:

1. Заштитете се со облека

Сонцето е најсилно помеѓу 10 и 16 часот и тогаш не се препорачува да излегувате, но ако морате, облеката ќе помогне да ги избегнете УВ зраците. Не заборавајте да си ја заштитите главата со шешир или капче, а се препорачува ушите да ви бидат покриени.

2. Ставете на кожата крем со заштитен фактор

Докторите препорачуваат крем со заштитен фактор, минимум 15. Нанесете низ целото тело, во доволна количина. Сепак не го заборавајте и балсамот за усни. Кремата нанесувајте ја редовно 20 до 30 минути пред да се изложите на сонце, за да може да се впие. 

3. Нека не ве лажат временските прилики

И за време на постудените, облачни денови треба да ја заштитите кожата, бидејќи штетните зраци лесно поминуваат низ облаците.

И за крај секако пијте многу течности.

 

 

Оцени ја веста

13.06.2015 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега