Тинејџер го откри она за што на астрономити им требаа децении

Многу сум среќен што ја открив новата планета и воодушевен сум можноста на детектирање на толку голема оддалеченост,изјави Том Вег.

Универзитетот во Кил од Англија објави дека петнаесет годишниот Том Вег е еден од најмладите астрономи на кои им успеало да откријат егзо-планета, планета на која е можно да има вода, која е надвор од Сончевиот систем.

Тој бил на пракса на истиот универзитет пред две години кога се случило откритието. Новооткриената планета која по две години е потврдена, спаѓа во групата позната како „Врели Јупитери“ го добила името WASP-142b и е многу слична првите откриени егзопланети, откриени во средината на деведесетите.

Планетата на Том Вег се наоѓа во далечен систем во рамките на Млечниот пат, на оддалеченост од 1.000 светлосни години од Земјата. Техниката која ја користел за пронаоѓање на оваа планета е анализирање на количината на светлост која егзопланетата ја блокира кога минува меѓу нејзината матична ѕвезда и Земјата.

Планетата е откриена со помош на проектот WASP (широкоаголна потрага за планети) која користи мали телескопи поставени шитум Велика Британија.   Со ова техника телескопот на НАСА „Кеплер“ од 2009 до сега се откриени повеќе од 1.000 кандидати за егзопланети надвор од Сончевиот систем.

 

 

Оцени ја веста

13.06.2015 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега