ВИДЕО: Петте најлуди бегства од затвор

Отсекогаш било интересно и инспирација за филмските сценаристи бегството на затворениците од затворите. Но некои дефинитивно биле малку полуди од останатите.

Неодамна двајца осудени убици се обидоа да побегнат од њујоршкиот затвор така што ги прескокнале металните цевки и ги издлабиле ѕидовите, па во јавноста автоматски беа споредени со протагонистите од филмот на „Бегство во Шошенко“ и „Бегство од Алкатраз“.

Но, важно е да се знае дека некои од најлудите приказни се инспирирани од вистински случувања.

Џон Џилинџер со дрвен пиштол

Државниот непријател број 1 со години се зборува за неговите разбојништва, грабежи на банки и полициски станици, и убиството на десет луѓе. Откако е уапсен во јануари 1934 година, во Аризона, е доведен во Лејк Каунти затворот.

На трети март Дилинџер со уште еден затвореник успеал да побегне користејќи наводно лажен пиштил изрезбан од дрво и обоен со цена боја за чевли. Потоа украле нов автомобил Лилијан Холеј која во тоа време била шериф, изјави дека ќе го убие Дилинџер штом го види.

Тоа сепак го направија ФБИ агенти во Чикаго нешто подоцна истата година.

Бегство од Алкатраз

Долгогодишните криминалци Френк Ли Морис и браќата Џон и Клеренс Англин, побегнаа од озлогласениот затвор во заливот Сан Франциско на 22 јуни 1962 година.

Трито направило глава од мешавина на сапун, тоалетна хартија и вистинска коса, и ги поставиле во креветот, за да ги измамат чуварите за време на ноќната проверка на затворениците.

Во претходните години со помош на груб алат внимателно ги копале тунелите до некористените ходници за послуга, од каде преку вентилациониот систем се искачиле на кровот. Откако се спуштија од него, изработија чамец со помош на цемент кои со години по малку го краделе од затворот.

Никој не открил дека ги нема до следното утро, а ФБИ никогаш не им влегол во траг. По 17 годишна потрага, заклучиија дека групата се удавила во заливот, иако признаа дека станува збор за генијален план.

Фати ме ако можеш
Познатиот измамник Френк Абагнејл побегна од затворот во Атланта во 1971 година така што ги уверил чуварите дека тој е затворски инспектор а не затвореник.

Бидејќи еден полицаец заборави да ги внесе документите во притворот каде е затворен, Абагнејл му се укажала шанса и почнал да ги уверува чуварите дека тој е таен инспектор кој глуми затвореник за да може да ги шпиунира чуварите. Во прилог му идело и тоа што таа година, поради акцијата на групата за човекови права, сите затвори ги истражувале различни одбори.

По неколку недели, гу уверил со своето лажно алиби, а чуварите му поверувале и го пуштиле да се најде со својот извор пред затворот. Еднаш кога излегол никогаш не се вратил.

По два месеца е уапсен во Вашингтон, по што четири години служел во Вирџинија пред да биде пуштен поради добро однесување. Денеска работи како советник во ФБИ.

Деветнаесет годишник кој побегнал

Во септември 2014 19 годишно момче кое служело три доживотни казни поради убиство на тројца ученици, по пукањата во школо во 2012 година успеа да побегне од затвор.

Ти Џеј Лејн заедно со осдуениот убиец Линџи Брусом и осудениот киднапер Клифорд Оперудо, побегал од затворот во Охајо, користејќи скалила кои самиот ги направил (користејќи што се можел да најде) за да се искачи преку ѕидот. Сите тројца се уапсени за помалку од девет часа по бегството.

Тексашка седумка

Најголемото бегстсво од затвор во историјата на Тексас се случил во декември 2000 година, откако седумина затвореници побегнаа од максимално осигурениот затвор во градчето Кенеди.

Ги водел 30 годишниот Џорџ Ривас, кој служел 18 доживотни казни, поради кражба и киднапирање. Седумината ги совладале двајцата чувари и осумте мажи кои работеле на одржувањето, има ја украле облеката и кључевите од камионот по што ги заклучиле во просторијата со алати.

Потоа им го зеле оружјето на неколку други чувари, ги заврзале и побегнале. Тексашката судмка потоа се упатила кон Сан Атонио до Далас, за да на крајот бидат уапсени во Колоради, по што го убиле 29 годишниот полицаец Обриј Хокинс. Еден од затворениците се убил пред да биде уапсен, а потоа уште тројца биле усмртени.

 

 

 

 

Оцени ја веста

14.06.2015 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега