Милијардерот кој беше најсреќен додека заработуваше 12 долари месечно

Животната приказна за најбогатиот Кинез се чини како идеално сценарио за филм затоа што Џек Ма мина доста од тоа за да дојде до титулата еден од најуспешните претприемачи на светот, како што го нарекуваат некои од медиумите.

Во животот имал бројни падови – кога сакал да се вработи во полицијаму рекле дека не е доволно добар, додека во KFC ги вработиле сите кандидати кои се пријавиле на работа освен него.

Иако некои неговиидеи, како системот за наплата на Alipej некои го нарекуваат „најглупата идеја“ која некогаш ја имал, неговата визија и упорност сепак му се исплатиле и денеска тој е тежол повеќе од 25 милијиарди долари.

Неколку пати до сега напоменал како големото богатство и милијардите долари на сметка не значат по автоматизам и среќа, но Бизнис инсајдерите велат дека за него најдобра доба од животот била на крајот на осумдесетите години кога работел како професор на еден локален универзитет и кога неговат аплата изнесувала само дванаесет долари месечно. Прито мислел на луѓето кои имале само милион долари затоа што тие знаеле како да управуваат со тие пари, и да го тршат тоа богатство, а кога ќе заработат десет милиони долари, тогаш се во невоља.

Милијардите долари носат само одговорност и означуваат „верба кај луѓето која ја имаат во него“ и смета дека при трошењето на тие пари мора да биде социјално одговорен.

 

Така поради тоа богатство, и луѓето поинаку го гледаат и имаат преголемо мислење за него, поради што мора да се прибере и да биде свој.

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега