Изгубив две бебиња - се отвори Јелена Карлеуша

Јелена Карлеуша денес се присети на својот концерт на Ушче, Белград, кој го одржа пред две години. Пејачката на Фејсбук сподели со јавноста интимна исповед и откри досега непознати детали.

Карлеуша призна дека, поради стрес, изгубила две бебиња. Ви пренесуваме дел од нејзиниот текст:

- За изминативе две години, од стрес, изгубив две бебиња. Целата таа безумна омраза, завист и пакост, удри таму кај што сум најслаба. Мене Србија ми уби две невини суштества.

И јас тоа на Србија никогаш нема да и го простам.

Кој нормален би простил?

Се повлеков за да се заштитам.

Затоа паузата е долга мили мои.

Пред неколку недели ја имав се надевам, последната операција, за која нема потреба да зборувам. Сега сум добро. Иако јас на фотографиите и снимките секогаш изгледам добро зар не? Тоа е затоа што првенствено сум професионалец, а потоа и многу горд човек. Пејам и играм и кога ме боли, кога сум болна. и кога не можам - морам! Поради вас бидејќи ве сакам и го почитувам тоа што доаѓате на моите настапи, плаќате билети... Благодарна сум.

 

Концертот на Ушче е нешто што никогаш нема да го заборавам. Голема животна лекција.

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега